Пендаровски од Центар: Единствен начин Силјановска – Давкова да победи на дуел е да настапи сама

– Единствен начин Силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел, порача кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево во скопски Центар осврнувајќи се на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ.

Пендаровски рече дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

-До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна. Знаете зошто го велат тоа? Прво, да ви кажам, дека договор за термин немаше. Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на 6 мај на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Силјановска – Давкова да излезе како победник во дуел, нагласи Пендаровски.