Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во интервјуто за „360 Степени“, на прашањето дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори, вели дека неговите шанси да се кандидира за уште еден мандат се поголеми отколку да не се кандидира.
Според него, поддршката на политичките субјекти и поддршката на граѓаните ќе биде одлучувачка во донесувањето на неговата одлука.
„Во 2014 година 18 политички партии ја поддржаа мојата кандидатура, во 2019 година ме поддржаа 31 политичка партија. Повторно, само со поддршка на политичките партии не можете да бидете претседател. Треба да одлучат и да гласаат граѓани кои немаат врска со политички партии“, рече Пендаровски.
Тој додаде дека е добра одлука претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно првенствено од финансиски аспект, но обезбедува и најдобра политичка мобилизација