Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага се сретна со претседателот на Владата на Чешката Република, Петр Фиала при што размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што во изминатите три децении се карактеризираат со широка соработка во повеќе сфери од заемен интерес.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендароивски посочувајќи ја Чешката Република како важен партнер во НАТО, ОН и ОБСЕ, ја нагласи заложбата од македонска страна за натамошно јакнeње на односите со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално ниво, така и во доменот на економската соработка.
-Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка на Чешка за пристапниот процес на нашата држава во ЕУ и изрази очекување таа да продолжи и во иднина, стои во соопштението.
На средбата, се додава, беа размемети мислења за севкупните состојби во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.