Претседателот Стево Пендаровски денеска во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.
Собранието во рамки на 139. седница ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на Талат Џафери, претседател на Собранието. Во Парламентот се одвива дебата пред да се пристапи кон гласање за предлогот Јован Митрески да биде претседател на Собранието.
Седницата за избор на преодната Влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за недела 28 јануари.