Пентагон ќе распореди уште околу 1.500 активни војници на јужната граница на САД за да ја поддржи се поостраната акција на претседателот Доналд Трамп против мигрантите, изјави денеска американски официјален претставник.
Со тоа бројот на активни војници на границата би достигнал околу 3.600.
Логистичка бригада од 18. Воздухопловен корпус е одобрена да биде испратена во Форт Либерти, Северна Каролина , рече официјалниот претставник, кој побара анонимност бидејќи распоредувањето на единицата сè уште не е објавено.
Пентагон се обидува да ги спроведе извршните наредби на Трамп, потпишани веднаш откако тој ја презеде функцијата на 20 јануари.
Првата група од 1.600 активни војници веќе е распоредена на американско-мексиканската граница, а во наредните денови се очекува таму да заминат уште околу 500 војници од 10-та планинска дивизија.
Околу 500 маринци се упатуваат кон заливот Гвантанамо, Куба, каде што ќе бидат задржани некои од приведените мигранти.