Американскиот воен брод Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney) во Црвено Море пресретна и собори три проектили и неколку беспилотни летала лансирани од Хутите во Јемен, а „потенцијално“ насочени кон цели во Израел, соопшти денеска Пентагон.
– Проектилите потенцијално беа насочени кон Израел, но САД не ја завршиле својата процена за тоа што било мета, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер.
Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел.
Серија други напади со беспилотни летала изминатите три дена беа насочени кон американски бази, вклучувајќи го и оној вчера во јужна Сирија, што предизвика помала штета.