Пепелта од својата мајка ѝ ја фрлил на пејачката! Славната Пинк се шокирала кога видела што има во чантата! (ВИДЕО)

Американската ѕвезда Пинк доживеала непријатност за време на концертот, кога кон неа била фрлена торба со пепелта на мајката на еден од присутните.

Пејачката веднаш го прекина настапот и му се обрати на дотичниот: – Ова е пепелта на мајка ти? Не знам како да се чувствувам после ова – налутено рекла таа.

Но, таа не дозволи ова да и’ го расипе расположението, ниту на неа ниту на публиката, па концертот го одржа до крај.

Да потсетиме, пред Пинк, изминатиов период сличен инцидент доживејаа уште две познати пејачи.

Пејачката со албанско потекло Биби Рекса била удирана со телефон во главата на концерт во Њујорк, по што настапот веднаш бил прекинат, а пејачката итно била хоспитализирана.

Освен неа, Аманда Ава Кочи, попозната како Ава Макс, на концертот добила шамар од обожавател, кој самоволно се качил на бината и веднаш била отстранета од неа.