Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, поради проблеми со ‘рбетот е подложен на итна операција, а неговото враќање на клупата се очекува по 12. септември, соопшти денес актуелниот европски шампион.
Од клубот соопштија за јавноста дека Пеп Гвардиола извесно време имал силни болки во грбот, поради што решил да оди на операција во Барселона, каде што ќе закрепне.
„Операцијата беше успешна“, се вели во соопштението, кое ги изненади повеќето фудбалски обожаватели бидејќи не знаеле дека ситуацијата е толку сериозна што е потребна итна операција.
Него на клупата ќе го замени помошникот Хуан Мануел Лиљо, а Пеп Гвардиола би требало да се врати по завршувањето на репрезентативната пауза (од 7. до 12. септември).
Пред репрезентативната пауза, Манчестер Сити игра уште два натпревари во Премиер Лигата, против Шефилд Јунајтед и Фулам.