ПЕП ГВАРДИОЛА ПРОГОВОРИ ЗА ЗЛАТНАТА ТОПКА – “Халанд треба да ја освои – ја освои тројната круна и постигна 52 гола!“

Тренерот на Манчестер СитиПеп Гвардиола изјави дека фудбалерот на неговиот клуб, Ерлинг Халанд, заслужува да ја освои Златната топка оваа година, за најдобар играч во 2023 година.

Ерлинг Халанд оваа година постигна 52 гола на 53 натпревари за да му помогне на Манчестер Сити да ја освои тројната круна и е еден од 30-те кандидати за освојување на Златната топка, која ќе биде доделена на 30 октомври.

Манчестер Сити треба да го освои – да. Ја освоивме тројната круна, а тој постигна 52 голови“, изјави Пеп Гвардиола, пренесе BBC.

Фудбалерот на Интер МајамиЛионел Меси важи за најголем фаворит за освојување на Златната топка .

Аргентинецот е рекордер со седум престижни награди и беше еден од најзаслужните за освојувањето на Светското првенство во декември минатата година со репрезентацијата, додека беше играч на Пари Сен Жермен.

Пеп Гвардиола, кој своевремено беше тренер на Лионел Меси во Барселона, верува дека 36-годишниот фудбалер заслужува своја категорија.

Златната топка мора да биде во два дела. Еден за Лионел Меси, а другиот за другите. Најлошата сезона за Лионел Меси е најдобра за другите“, вели Пеп Гвардиола.

Ерлинг Халанд сезонава постигна осум гола на 12 натпревари, а последен пат постигна на 23. септември во победата против Нотингем Форест (2:0).

Манчестер Сити ги загуби последните два натпревари во Премиер лигата, против Вулверхемптон и Арсенал и е трет на табелата со два бода помалку од водечките Тотенхем и Арсенал.

Ерлинг ХаландЛионел МесиМанчестер СитиПеп Гвардиолафудбал