Како што објавија шпанските медиуми, Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделија по 30 години брак.
По 20 години врска и 10 брак, нивните патишта се разделија. Како што ексклузивно објави „Ел Периодико“, одлуката била донесена во декември, а за раскинувањето биле информирани само најблиските, посочувајќи дека на тој начин било избегнато какво било објаснување за новинарите.
Уште кога беше фудбалер, Гвардиола е навикнат да го држи личниот живот подалеку од медиумската сфера и во оваа смисла се однесува со голема дискреција.
Сепак, споменатата вест шокираше многумина, бидејќи двојката Гвардиола беше една од најстабилните во светот на фудбалот. Двајцата се запознаа во 1994 година, а се венчаа во 2014 година, на интимна граѓанска церемонија во Матадепера, Барселона.
И покрај раскинувањето, Ел Периодико пишува дека односот меѓу двајцата е „целосно срдечен, стабилен и пријателски“. Заедно имаат три деца по име Марија, Мариус и Валентина.
Гвардиола не минува низ добар момент на професионален план. Резултатите на неговиот тим Манчестер Сити се многу лоши, а неговото расположение не изгледа баш добро, а можеби ова е главната причина за неговото чудно однесување во последно време.