Министерството за локална самоуправа активно ја поддржува реформата на јавната администрација, информира ресорниот министер Златко Перински.
-Во периодот што следи фокусирани ќе бидеме на идентификување на факторите кои ќе влијаат на зголемување на довербата во локалните власти, а преку измените во Законот за локална самоуправа, ќе воведеме механизми за зајакнување на меѓуопштинската соработка која е клучна за подобро управување со ресурсите, потенцира Перински и додава:
„Со ова, ќе ги исполниме препораките од мониторингот од мисијата за оценка на СИГМА од 2024 година за нашата земја, мисија која е заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија, чија главна цел е зајакнување на темелите за подобрено јавно управување“.