Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес потпиша договори за кофинансирање на седум проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор.
Како што информираат од министерството, овие проекти се реализираат во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворен конкурс за инвестициски иницијативи според Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.
„Вкупната вредност на јавниот конкурс е 500.971.694 денари. Од овие средства, 137.887.557 денари се обезбедени за корисниците на Македонија преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во износ од 26.349.547 денари. Проектите се од областа на добро познат, ориентиран и одржлив културен и природен туризам. Преку оваа програма ги развивме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион“, се вели во соопштението.