– Научниците открија дека Перу за околу 50 години изгуби повеќе од половина од глечерите.
Научниците од Националниот институт за истражување на глечери и екосистеми на Перу (Инаигем) соопштија дека 175 глечери во земјата целосно исчезнале како резултат на климатските промени во периодот од 2016 до 2020 година.
Во Перу се наоѓа зона на глечери на површина од 1.050 квадратни километри, а научниците велат дека оваа зона е намалена за 56 отсто во споредба со таа во 1962 година.
Мајра Меjиа , глациолог од Инаигем, истакна дека голем број глечери во Перу се стопени.
Меjиа нагласи дека од 1962 година досега 99 отсто од глечерите на планината Чила се исчезнати.
Директорот на Инаигем, Jесус Гомез, рече дека зголемените температури играат важна улога во топењето на глечерите, особено во тропските зони.
Претседателката на Инаигем, Беатрис Фуентеалва, истакна дека топењето на глечерите го погодило и населението што живее во близина.