Имајќи предвид дека ја следиме работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во последните четири до пет години, апелиравме и остануваме на ставот дека најдобра алтернатива за Судскиот совет е секој член да си поднесе оставка како личен чин, рече Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“.
„Имаше опција за интерпелација на членовите на судскиот совет, но само за оние кои беа избрани од редовите на собранието. Не за членовите на советот кои доаѓаат од страната на судиите, бидејќи легитимитетот го добиваат од изборите, односно од судиите што ги избираат“, изјави Петковска за „Телма“.