Поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски ја коментираше изјавата на поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева дека промената на Уставот на Македонија не е голема работа и дека Бугарите се дел од реалноста во Република Север. Македонија и ова треба да се прифати.
Затоа Петковски прашува дали менувањето на нашиот Устав е толку мала и едноставна работа, зошто тогаш менувањето на бугарскиот Устав и вклучувањето на Македонците во него, што е дел од реалноста во Република Бугарија, е толку тешко и сложено? Зарем граѓанските и етничките права и слободи не се европски вредности?
„Бугарија има обврска според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторена по 15-ти пат, да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање
Зошто Бугарија како членка на ЕУ не ги признава и не ги спроведува одлуките на Меѓународниот суд? Дали е тоа правна и демократска држава по европски стандарди и критериуми?“, прашува Петковски.