Петмина мртви во јапонскиот авион, само пилотот преживеа: Се упатувал кон подрачјето погодено од земјотресот за да помогне! (фото/видео)

Јапонскиот јавен медиумски сервис NHK објави дека пет од шестте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража загинале денеска кога нивниот авион бил погоден од авион на Japan Airlines.

Крајбрежната стража соопшти дека само пилотот успеал да се спаси, а останатите петмина загинале.

Полицијата во Токио соопшти дека пилотот се здобил со сериозни повреди.

Sky News дека членовите на крајбрежната стража отишле во областа погодена од земјотресот во Ниигата за да им помогнат на настраданите таму.

„Јапонија ерлајнс“ претходно објави дека се евакуирани сите 367 патници и 12 членови на екипажот.