Петнаесет Палестинци, меѓу кои 4 деца, починаа од глад во последните 24 часа

– Петнаесет Палестинци, меѓу кои и четири деца, починаа од неисхранетост и глад во Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа денес.

„Болниците во Газа пријавија 15 смртни случаи, вклучувајќи четири деца, поради глад и неисхранетост во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

Со најновите смртни случаи бројот на починати лица од глад од октомври 2023 година се искачи на 101, од кои 80 се деца.