Правиме се за да покажеме како говорот на омраза, кога не е веднаш казнет, се претвора во криминални дела. Не случајно јазикот на омразата е поставен како дел од критериумите за Северна Македонија кон ЕУ, изјави за бугарските медиуми заменик министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова.
Таа нагласи дека „Македонија ветува многу, но нема соодветни последователни акции по антибугарските настани и тоа е причината за ескалација на ситуацијата“.
За нив е важно да му покажат на своето општество дека за да бидат дел од европското општество треба да има нулта толеранција за вакви настани“, вели Петрова за „Бг он ер“.
Дипломатот коментира дека по одобрувањето на преговарачката рамка од страна на ЕУ, „Македонците сметаат дека преговорите се веќе започнати“.
„По грешка создадоа големи очекувања во општеството дека ќе продолжат и без промена на Уставот, а според одлуката на сите држави тоа мора да го направат. Ова е заложба не за Бугарија, туку за цела ЕУ“, објасни Петрова.
Но, заменик министерот за надворешни работи категорично изјави дека нема потреба Бугарија повторно да стави вето на Македонија.
„Тие си ставија вето. Јасно е напишано дека за да се продолжи патот кон евроинтеграциите мора да се смени Уставот. Се додека не го сторат тоа, нема шанси навистина да започнат преговорите. Можеме да ставиме вето колку сакаме, крајната цел е интеграција на овој регион, така што ќе биде многу полесно да коегзистираме со нив, но тоа може да се направи кога ќе ги исполнат критериумите“, додаде Петрова.