Ако ВМРО-ДПМНЕ се плаши од уставните измени, тоа треба јавно да го каже, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска во видео интервју за 24инфо.мк, кое во целост ќе биде емитувано утре.
“Јас не се плашам од уставните измени, затоа што со донесувањето на уставните измени и конкретно предлог амандманот, дополнително се гарантира и зацврстува македонскиот идентитет. Со тој амандман ние велиме дека ги признаваме Бугарите како малцинство во Република Македонија, а македонскиот народ е државотворен народ“ порача Петровска додавајќи дека со тоа се става крај на тезата за „еден народ во две држави“.
Во продолжение, погледнете ја најавата за интервјуто со Петровска.