Министерката за одбрана Славјанка Петровска повика на подобрување и заштита на информациските системи во земјата, нагласувајќи дека тоа се важни и легитимни цели за сите. Таа додаде дека како земја членка на Алијансата, по дефиниција за оние кои не се пријатели на Алијансата, таквите системи, според нив, стануваат легитимна цел или цел за извршување напади.
„Државите имаат апсолутна обврска, пред се за заштита на нивните интереси, виталните интереси на државата, да преземат мерки за градење отпор кон ваквите системи и секако да учествуваат во нивната заштита. Сериозен предизвик е во денешно време, сериозен предизвик е да се создаде систем кој ќе биде доволен квалитет и ефикасност за да гарантира целосна заштита на информациските системи во државата во различни сегменти“, рече Петровска за најновото хакирање на МЕПСО.
Таа нагласи дека Министерството за одбрана, бидејќи е еден од носителите на нашето членство во Алијансата, многу порано и многу побрзо и ефикасно завршило голем дел од обврските поврзани со изградбата на безбедноста на информациските системи, има изградено одбранбен систем кој постојано го гради и постојано го усовршува.
„Ваквата координација и помеѓу институцијата која веројатно не е дел од службите и институциите за безбедносно откривање, како во овој случај, мора брзо да известува за случувањата во нивната институција, секако мора да има координирана активност меѓу сите институции бидејќи безбедносно-разузнавачката заедница не е задолжена да следи или да реагира во случај на хакерски напади, туку со релевантната институција која е одговорна за тоа“, рече Петровска.