Кандидатот за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска праша дали поранешниот претседател Зоран Заев стои зад кандидатот Венко Филипче и дали ваквата поддршка му дава приоритет на Филипче, Петровска оценува дека тоа може да придонесе за натамошни поделби внатре во партијата.
„Позицијата на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам дека само дополнително ќе ја подели партијата и мислам дека може да го отежне процесот на легитимно избор на претседател. Ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставија белег на партијата и државата, но ми треба поддршката од членството“, рече Петровска.
Петровска рече дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција, туку дека ќе остане пратеник на СДСМ во Собранието.