– Министерката за одбрана Славјанка Петровска и член на СДСМ денеска изјави дека партијата се уште не донела одлуки за носителите на листите на претстојните парламентрани избори, но оти е подготвена да биде и носител на листа доколку е тоа партиска проценка.
-Таа одлука се уште не е донесена во рамките на партијата. Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или на избор на листа да бидам пратеник, а можам да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и сегогаш да дадам продонес за државата, вели Петровска на новинарско прашање во изјава за медиумите по брифингот за набавката на осум нови хеликоптери за Армијата.
На средбата со новинарите таа појаснува дека не е неамбициозна, но вели, треба да се направи проценка која ќе донесе подобри резултати за партијата.
Засега официјално познато е дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде носител на листата во првата изборна единица.
Дарко Каевски, пратеник од СДСМ во вторникот изјави дека е при крај внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери во однос на носителите на листите во шсте изборни единици. Тој најави дека за многу скоро време партијата ќе излезе со целосните листи составени од квалитетни кадри.