Пред членовите на СДСМ од Велес кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска ги претстави клучните приоритети од програмата „Манифест за социјалдемократијата“.
,,СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство.
Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници.
Ако заедно работи ако се слушаме еден со друг, ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата” порача Петровска.
Изборите за нов претседател на СДСМ де закажани за в недела 30 јуни.