МЕЛАНОМ е најмалигната форма на рак на кожата. Поради високата склоност кон рани метастази, се смета за еден од најагресивните тумори на кожата. Сепак, добрата вест е што едноставно може да се открие навреме и ефикасно да се лекува.
Загрижувачки е растечкиот тренд на нови случаи на болеста. Токму затоа дерматолозите ја нагласуваат големата важност од редовното прегледување на бенките, како и сите други необични промени на кожата кои можат да бидат знак за рак на кожата.
Според The Sun, постојат дури пет рани знаци кои може да укажуваат на тоа дека личноста има рак на кожата. Ова го вклучува следново:
- сомнителни бенки кои ја менуваат формата или бојата
- грутки кои не знаеме како настанале
- темни линии на ноктот
- хроничен замор дури и по одмор
- ненадејно губење на тежината.
Покрај овие најрани знаци, постојат и други симптоми кои укажуваат на рак на кожата. Тоа може да биде пожолтување на очите и кожата (жолтица), акумулација на течност во стомакот и необјаснети болки во стомакот, предупредуваат лекарите.