Пет знаци кои ќе доживеат љубовна животна трансформација во септември

Дознајте дали сте меѓу петте знаци на Зодијакот чиј љубовен живот драстично ќе се промени овој месец – на подобро.

Се вративте од летниот одмор, ги наполнивте батериите и преиспитавте важни работи, а можеби сте донеле одлука да раскинете со партнерот или да започнете нова романса и се прашувате дали овој месец е идеален за тоа?

Во септември најзначајно е што Венера и Меркур излегуваат од својата ретроградна положба, што ќе го почувствуваат сите знаци на љубовно поле, особено овие петмина кои имаат најмногу шанси за љубовни промени.

Лав

Неодамна доживеаја лош период во љубовниот живот. Сите тие некако застанаа или направија чекор назад, но нема што да се грижите. Пред нив е многу поповолен период во кој би можеле да ја запознаат својата сродна душа или нивната постоечка врска ќе добие подобар правец.

Нивната самодоверба наеднаш ќе се зголеми, ќе почувствуваат наплив на енергија, што ќе ги направи многу попривлечни за спротивниот пол.

Овен

Во последните месец и половина беа принудени да ги преиспитаат љубовните врски, но крајот на лошиот период со партнерот дојде на 4 септември, па може да се надеваат на позитивни промени. Пеперутките во стомакот повторно ќе танцуваат и ќе бидат полни со живот.

Оние кои се во брак ќе разберат дека нема никаква корист од драмата и дека е важно заедницата да се подигне на повисоко ниво.

Водолија

Припадниците на овој знак подобро ќе се сложуваат со партнерот по одреден период на саморефлексија за тоа колку е важна врската во која се и колку таа врска им е исполнета.

Слободните ќе запознаат интересни луѓе кои можеби ќе им се допаднат, а многу е можно во септември да бидат поканети на многу интересна средба и да бидат опсипани со подароци.

Вага

Вагата е завршена со период на испрашување за се што е поврзано со врските и љубовта. Тие длабоко размислувале што сакаат од врската и каква врска посакуваат. Тие се уморија од драма и компликации и решија конечно да стават крај. Тие би можеле да донесат сериозни одлуки за иднината.

Припадниците на овој знак сфатиле дека им е многу важно покрај себе да имаат некој кој ќе биде добар љубовник и добар пријател, некој со кој ќе бидат лесни, со кој се чувствуваат опуштено, слободно и забавно. Можно е слободните да започнат врска со пријатна и лесна личност со која се познаваат долго време, но до сега немале ништо повеќе од пријателска врска. Нивните средби ќе бидат како во филмот „кога Хари ја запозна Сали“ и едноставно не можете еден без друг.

Јарец

А кај нив се чини дека е запрено. Беа на љубовна пауза, се преиспитуваа себеси и партнерот, но и сексуалниот живот од кој не беа премногу задоволни.

Септември ќе започне се што им стагнирало, а може да очекуваат зголемена желба за интимност, како и поголема страст. Оние кои се во брак ќе размислуваат за деца и можно е до октомври да останат бремени, пишува Атма .