Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски објави дека пред 20 дена дал налог за ново сообраќајно решение со кое ќе се постават повеќе сообраќајни знаци, кои ќе ги предупредуваат возачите дека треба да ја намалат брзината пред исклучувањето на новиот експресен пат Градско-Прилеп каде што во изминатиот период загинаа пет лица во сообраќајни несреќи.
„Новото сообраќајно решение е направено, потребно е да се одобри од Министерството за транспорт и врски и веднаш ќе почне да се реализира. Станува збор за наследен проект од минатото раководство кој бил одобрен од сите институции. Спротивно на тоа не може да се работи, бидејќи кривично ќе се одговара. Сега за да се зголеми безбедноста можеме само да поставиме повеќе сообраќајни знаци“, вели Трајановски.
Сообраќајниот проект за исклучувањето од новиот експресен пат Прилеп-Градско, каде за два месеца откако е пуштен патот загинаа пет лица. бидејќи овој дел е „црна точка,“. бидејќи сСвиокот е голем и се случуваат несреќи зашто пред исклучувањето се вози со над 100 километри на час, а нема соодветна сигнализација за предупредување на опасноста.
Трајановски вели дека се размислува и се водат консултации и за нов градежен проект за овој дел.
„Тоа е поголем зафат. Со нов градежен проект би требало да се направат мостови за исклучувањето. Во консултации сме се екперти и професори околу ова прашање“, вели Трајановски.