„Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што ѝ е одобрена за работа, а дел од долгот е по мое разбирање заради дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите“, вели Клековски
Долгот на јавните здравствени установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава. Ова денеска го изјави в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, посочувајќи дека долгот настанал од несоодветно финансирање на потребите на соодветни клиники.
„Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и Онкологија, Торакална и васкуларна хирурхија и Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје, како Прилеп и Охрид. Не плаќале редовно сметки кон добавувачи на лекови, а од друга страна медицинските и економски директори си ги зголемувале платите со додадени дежурства“.
Според него, болницитее и клиниките успеале од почетокот на годината до јуни да го зголемат долгот од 65 милиони на 81 милион евра.
Иако во јавноста се тврди дека во буџетот има доволно пари, директорот на ФЗО вели дека тоа не е точно.
„Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што ѝ е одобрена за работа, а дел од долгот е по мое разбирање заради дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите“.