Голото женско тело има хипнотизирачка моќ над мажите. Кога жената ќе се соблече пред нив, тие забораваат на сè останато и само сакаат да се препуштат на сопствените задоволства, но и на задоволствата на партнерот. А што всушност им поминува низ главите на мажите кога ќе видат гола жена?
Многу жени мислат дека нивните партнери размислуваат само за несовршености кога ги гледаат нивните голи тела, но мажите дури и не го гледаат она што ние жените го доживуваме како маaна. Во продолжение прочитајте што им поминува низ мислите на мажите во тој момент.
1.БИДИ СМИРЕН
Кога жената ќе се соблече пред маж, без разлика колку пати ја виделе таа глетка, сè во неговото тело „дивее“. Срцето чука побрзо, крвта ита до препоните, па не можат ни да размислуваат. Тие не сакаат да остават впечаток дека никогаш досега не виделе гола жена, поради што се трудат да останат ладни и присебни. А всушност, повеќе би сакале да почнат да викаат од среќа и возбуда.
2.ИЗДРЖИ ПОДОЛГО
Мажите побрзо постигнуваат оргазам од жените, што не само што значи дека треба да вложат дополнителен напор, туку и да го одложат сопственото задоволство за задоволство на жената. Затоа, иако повеќе би сакале да водат љубов ,,диво”, понекогаш мора да водат љубов во побавен ритам со кој барем се надеваат дека истовремено ќе можат да кулминираат.
3.КОГА БИ ЗНАЕЛ ШТО САКА ДА И’ ПРАВАМ
,,Не плашете се да нè насочите малку. Нашата работа е многу полесна кога ни давате повратни информации. Шепнете ни ги вашите желби на уво, движете ни ги рацете каде што сакате, преземете ја контролата и покажете ни што ве пали”, им велат мажите на жените.
4.БАШ СУМ СРЕЌНИК
Мажите едноставно ги обзема чувство на благодарност кога ќе видат жена гола.
5.ЗОШТО ЖЕНАТА БИ МОЖЕЛА ДА СЕ ЧУВСТВУВА НЕСИГУРНО
И мажот имаат свои несигурности, но тој сепак тешко ги разбира женските „кочници“ кога се толку маѓепсани од женското тело. Ако жената ги покрива градите со рацете, се крие под јорганот и не може целосно да се опушти, вистинскиот маж ќе направи сè за таа да се чувствува добро. Овие несигурности навистина не им пречат на мажите, но уште повеќе сакаат кога жената гордо им ја покажува сета своја убавина.