Пет намирници богати со антиоксиданси кои треба почесто да се најдат на нашето мени

АНТИОКСИДАНТИТЕ се есенцијални соединенија кои помагаат во неутрализирање на слободните радикали во телото. Овие соединенија ги штитат клетките од оштетување и го намалуваат ризикот од хронични болести, а во организмот можат да се внесат и преку храната. Познато е дека одредени видови храна се богати со антиоксиданси, а овие пет видови на храна се сметаат за најдобар извор на антиоксиданси.

Овошје од бобинки

Бобинки, како што се јагоди, боровинки, малини и капини, се богати со антиоксиданси како флавоноиди, антоцијани и витамин Ц. Овие соединенија, кои се наоѓаат во бобинки, помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението. 

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи флавоноиди кои имаат моќни антиоксидантни својства, пренесува Health Shots. Редовното консумирање темно чоколадо може да го подобри здравјето на срцето и да го намали ризикот од одредени болести.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се познати по многуте придобивки и се богати со антиоксиданси и витамин Е, особено со бадеми, ореви и ф’стаци. Вклучувањето на јаткастите плодови во исхраната може позитивно да влијае на здравјето на срцето и да заштити од оксидативен стрес.

Лиснат зеленчук

Зеленчукот како спанаќот, кељот и блитвата се одлични извори на антиоксиданси како витамин Ц, витамин Е и бета-каротин. Овие хранливи материи помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението, пишува Health Shots.

Домати

Доматите се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања и одредени видови на рак. Доматите може да се јадат на повеќе начини, но Health Shots известува дека готвењето домати ја зголемува биорасположивоста на ликопенот. Терминот биорасположивост значи количество на супстанција што стигнува во крвта на различни начини, вклучително и преку храната.