Пет причини зошто треба да јадете бобинки секоја недела за целокупно здравје

Бобинките, како што се јагодите, боровинките, малините и капините, се познати како едни од најздравите видови овошје, и тоа со добра причина. Освен што се многу здрави и одлични за целокупното здравје, бобинките се и вкусни и можат да се комбинираат и консумираат на различни начини, од десерти, смутија, па сè до консумирање на самото овошје како здрав десерт.

Доколку веќе не го консумирате барем еднаш или двапати неделно, подолу се наведени пет причини зошто треба да почнете да го правите тоа, според советите од диететичарите споделени со порталот „Health Shots“.

Богати со антиоксиданси

Бобинките се богати со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на телото од оштетувања предизвикани од штетни молекули наречени слободни радикали. Така, консумирањето бобинки го зајакнува имунолошкиот систем и може да го намали ризикот од болести како што се ракот и срцевите проблеми.

Добар избор за дијабетичари

И покрај нивната сладост, повеќето бобинки имаат ниска содржина на шеќер и низок гликемиски индекс (мерка за тоа како храната влијае на нивото на шеќер во крвта). Ова значи дека не предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, што го прави добра храна за луѓе со дијабетес, објавува Health Shots.

Богати со растителни влакна

Бобинките се одличен извор на диететски влакна, кои придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем. Влакната исто така ве одржуваат сити подолго време, помагаат во одржувањето на здрава тежина и ја подобруваат функцијата на цревата.

Добар ефект врз кожата

Витамините и антиоксидансите во бобинките, особено витаминот Ц, придонесуваат за здравјето и сјајот на кожата. Тие го стимулираат производството на колаген и можат да помогнат во намалувањето на знаците на стареење, како што се брчките.

Ги намалува нивоата на холестерол

Редовното консумирање на бобинки може да помогне во намалувањето на нивото на лош холестерол, познат и како ЛДЛ холестерол. Ова има позитивен ефект врз здравјето на срцето и може да го намали ризикот од срцеви заболувања на долг рок.