Пет суперхрани за здравјето на мозокот

Како што старееме, природно е когнитивната функција да се менува, но исхраната може да игра важна улога во одржувањето на здравјето на мозокот на која било возраст.

Истражувањата покажаа дека одредена храна богата со хранливи материи може да му помогне на мозокот да го забави стареењето .

Неврохирургот др. Брајан Хофлингер на својот TikTok сподели пет видови храна што им ги препорачува на своите пациенти за да го подобрат здравјето на мозокот.

Тој советува во исхраната да се вклучат 
спанаќот, кељот и брокулата бидејќи тие се извори на 
витамин К и фолна киселина. Покрај тоа, рибите како лососот, пастрмката, сардината и скушата се меѓу најдобрите намирници за здравјето на мозокот поради високите нивоа на омега-3 масни киселини.

@doctorhoeflinger 5 Brain Superfoods. How many of these do you consume? What other superfoods do you like? #fyp #health #diet #food #lifestyle #brain ♬ original sound – Dr. Brian Hoeflinger, MD

Јаткастите плодови содржат здрави масти кои се неопходни за здравјето на мозокот.

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, растителни омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат структурата на мозочните клетки и го намалуваат воспалението. Ф’стаците се исто така одличен извор на протеини и здрави масти.

Бобинки содржат антиоксиданси кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението. Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на мозочните клетки, а антиоксидансите во бобинките ги штитат клетките, особено во деловите од мозокот поврзани со меморијата и учењето. Бобинките се корисни и за подобрување на меморијата.

На крајот, ги спомна кафето или чајот, бидејќи се добри за меморијата.