Ако забележите прекумерно потење, топлината можеби не е единствениот виновник. Некои намирници предизвикуваат и зголемено потење поради нивното термогено дејство (кога таквата храна се разградува во телото, дел од неа се ослободува како топлина). Подолу ќе дознаете која храна е најдобро да ја избегнувате во најжешките летни денови доколку не сакате повеќе да се потите.
1. Солена храна
Кога јадете храна богата со натриум, вашето тело е принудено да се ослободи од вишокот сол преку потта. Затоа солената храна е на врвот на листата на намирници кои треба да се избегнуваат на жештините. Ова вклучува солени грицки како што се чипс или стапчиња, многу конзервирана храна (особено конзервирана риба и зеленчук), сосови итн.
2. Преработена храна
На преработената храна обично и недостасуваат влакна и ензими потребни за правилно варење. Оваа храна содржи и големи количества масти, што го отежнува варењето. И секој пат кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Најчестата преработена храна која предизвикува потење е брзата храна, масните печива (како што се пити или кроасани) и замрзната преработена храна.
3. Пијалоци кои содржат кофеин
Кофеинот влијае на централниот нервен систем, ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. После тоа, телото ги буди потните жлезди. Топлината на топлото кафе или чај исто така ја зголемува температурата на вашето тело, предизвикувајќи уште повеќе да се потите. Затоа е подобро да избегнувате пијалоци кои содржат многу кофеин на топло време. Ова вклучува кафе, чај (зелен и црн), енергетски пијалоци и многу видови газирани сокови.
4. Алкохолни пијалоци
Алкохолот исто така го зголемува пулсот и температурата на телото, што значи повеќе пот. Колку повеќе пиете, толку повеќе се потите (дури и ако се работи за коктел со мраз).
5. Слатки
Храната со висока содржина на шеќери и јаглени хидрати (што е речиси сите постоечки десерти) произведува значаен термички ефект бидејќи на телото му е доста тешко да ја разгради. Покрај тоа, слатката храна предизвикува остри скокови на шеќерот во крвта, што предизвикува и многу потење.