Пецаков: Една година големи инфраструктурни проекти за Охрид и охриѓани, работиме и на зголемување на туризмот

„Една година од поставување на темелите кога ја градиме Македонија. Една година од инфраструктурни проекти за Охридско-Струшкиот регион. Инфраструктурата поврзана со автопатското решение Охрид-Кичево и начинот на експресно на којшто се гради веќе го гледаме уште во првата година и пуштените дваесеттина километри. Пуштен е во употреба реконструираниот пат од Охрид до Св.Наум, реконструирано е најпосетуваниот Музеј на вода, на охридската ривиера, а тоа е Музејот на коските, којшто има најголем број на туристи“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:

Секако дека е тука за нас битно и договорот со туристичкиот оператор за носење на 40 илјади германски туристи, во периодот кога не е сезона, односно во периодот од февруари до јуни. Тоа е она коешто е поврзано со инфраструктурата и туризмот, секако дека од аспект на животната средина битно е дека сме при крај со враќањето на реката Сатеска и враќањето во старото корито за вливање во реката Црн Дрим.

Од инфраструктурните проекти секако дека е прочистителната станица во Трпејца, многу други работи направени и во индустријата и во земјоделието. Пензионерите ги добија петте илјади денари и останати работи коишто покажуваат дека навистина се грижиме за иднината на граѓаните на Македонија.