Пејачката Маја Беровиќ ја пронајде љубовта на својот живот како тинејџерка, а таа љубов трае до денес.
Двајцата се запознале во Босна и Херцеговина на настапите на Маја, каде Ален бил редовен гостин.
– Доаѓаше на секој мој настап и сè завршуваше со поглед, бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо вљубена во човек кој доаѓаше на моите настапи – изјавила пејачката во една прилика.
Пејачката и бизнисменот недолго потоа започнаа врска, а набрзо почнаа и заеднички живот. Ален, како што тврди и самата пејачка, финансиски и’ помогнал кога требало да го објави својот прв албум.
– По некое време сфативме дека не можеме така и дека премногу се грижиме сè да остане на платонска љубов. Одлуката да живееме заедно ја донесовме многу брзо, што беше тешко да се комуницира со мајка ми, која е самохрана мајка и за која беше болна разделбата на женско дете толку рано. Сепак, тоа не застана на патот на мојата среќа. Ален финансиски и морално ми помогна да го издадам првиот албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој кој може да инвестира во сопствената кариера – откри еднаш пејачката.
– Мојата свадба не беше баш, како што велат, „тајна“. Ништо од никого не криев, само немав потреба да објавам дека се мажам. Го избрав Родос затоа што за мене е еден од најубавите острови во Грција. Имавме желба да се венчаме во православна црква – рече Маја и додаде дека нејзиниот сопруг го гледа како најголем поддржувач, но и критичар.
– Тој е мојот најголем поддржувач и е продуцент на сето ова. Фокусирани сме еден на друг и дизајнираме сè заедно. А кога станува збор за визуелниот идентитет, морам да признаам дека тој е мојот најголем критичар – рече таа.
На почетокот на нивната врска, според медиумите, Ален возел камиони, а подоцна од тоа направил голем бизнис, а денес поседува свои камиони и вработува околу 83 луѓе, пишуваат босанските медиуми. Неговата компанија се занимава со меѓународен патен транспорт на секаков вид стока.