Пејачката Аријана Гранде на подкаст откри дека би сакала да вечера со серискиот убиец Џефри Дамер.
Имено, Аријана раскажа една случка од почетокот на нејзината кариера.
За време на прашањата и одговорите, помладите обожаватели ја прашаа кој ќе биде нејзиниот гостин на вечерата од соништата, без разлика дали е жив или мртов, а таа не помалку го именуваше серискиот убиец Џефри Дамер, истакнувајќи дека има толку многу прашања за него.
Луѓето беа шокирани од нејзината изјава, а семејството на една од жртвите на Дамер жестоко ја критикуваше.
Мајката на една од жртвите изјави за ТМЗ дека се надева дека Аријана разбира колку биле навредливи нејзините коментари.
Таа, исто така, рече дека била исклучително вознемирена кога со насмевка ја гледала Аријана како зборува за нејзината фасцинација со Дамер.
„Ми изгледа како да е болна во сопствениот ум. Не е фенси или смешно да се каже дека би сакале да вечерате со него. Исто така, не е нешто што треба да им го кажете на младите луѓе. Вознемирувачки е што таа не покажа емпатија за жртви“, изјавила мајката на жртвата.
Ова мислење го дели и сестрата на една од жртвите.
@tmz #ArianaGrande discussed once telling fans that #JeffreyDahmer ♬ original sound – TMZ
Луѓето во коментарите под клипот од подкастот беа огорчени од нејзината изјава.
„После ова уште ја поддржувате?“, „Ова е одвратно“, „Болна е“, се само дел од коментарите.