Пејачката Меган Трејнор жали за избрзаните одлуки од минатото, бидејќи кога ќе се погледне во огледало не се чувствува добро.
„Лицето ме боли кога се насмевнувам, дури и кога се обидувам да се насмеам“, рече пејачката Меган Трејнор додека зборуваше за сите неуспешни козметички процедури на нејзиниот подкаст .
Меган (30) призна дека ставила премногу ботокс,
„Имам премногу ботокс и ми треба помош“, признала Меган на подкастот, како што пренесува People.
Meghan Trainor says she can no longer smile after getting Botox:
— Pop Crave (@PopCrave) November 30, 2024
“To all my fellow girlies out there who are in your 30s out there, hi. I got too much Botox, and I need help… Someone convinced me with my little lips that – if you did a lip flip [and] you put filler right above… pic.twitter.com/TFADjnjtrp
“Се збркав. Ставив ботокс неколку пати само во челото”, рекла Меган.
Пејачката која е позната по хитот „Made You Look“ признала дека имала филери на горната усна, за што исто така жали.
Meghan Trainor ujawniła, że „nie może się uśmiechać” przez botoks
— MNFPL (@musicnewsfactpl) November 30, 2024
“Przesadziłam z botoksem i potrzebuję pomocy” pic.twitter.com/B3orfbzgXy
“Некој ме убеди со своите мали усни дека ако ги завртите усните, ставите филер веднаш над горната усна, можете да имате прекрасни усни. Но, тоа не е вистина”, рече таа и објасни дека најтешко и е тоа што после козметички третмани таа повеќе не може да се смее.
Притоа таа на камерите им покажа како изгледа кога се обидува да се насмее.
Нејзиниот брат и ко-водител Рајан Трејнор потоа се присетија како заедно купувале за куќата и како тој и рекол: „Не можеш повеќе да се смееш, страшно е!“
Тогаш во разговорот се вклучи и сопругот на пејачката Дерил Сабара, кој покажа дел од нејзините стари фотографии.
Меган се присети дека на една фотографија изгледала смешно држејќи го кучето.
„Се обидов да се насмеам, но имав толку многу болки што изгледав како некој што мириса на прдеж. Ве молам, некој да ми помогне“.