Пејачот Владимир Блажев се здобил со изгореници по телото и е на кислородна поддршка, за останатите членови на бендот нема информации

По пожарот што синоќа избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше бендот ДНК, пејачот Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и раката и е на кислородна поддршка, информираат од семејството на уметникот.

Засега нема информации за другиот пејач на групата, Андреј, ниту за останатите членови.

Во пожар во дискотека во Кочани загинаа над 70 лица, а стотици се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според првичните информации, како што рече Тошковски, пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства што се користеле за светлосни ефекти на концертот на бендот ДНК.

Според официјалните информации, на концертот присуствувале околу 1.500 луѓе, по што дошло до стампедо за излезите.

Според снимката од концертот споделена на социјалните мрежи, додека бендот пее, придружуван од сценски огномет, за неколку секунди тие се обидуваат да го изгаснат пожарот со апарати за гаснење пожар, при што на микрофонот се слуша глас кој извикува „Сите излезете“