Бразилскиот пејач Педро Хенрике почина откако колабираше на сцената за време на настап во средата.
Педро ја изведуваше својата песна „Ваи Сер Тао Линдо“ на религиозен настан што се пренесуваше на интернет кога ненадејно падна пред својот бенд.
На видеото од инцидентот се гледа како Хенрик паѓа на грб, по што присутните веднаш притрчале да му помогнат, додека публиката гледала шокирана.
Хенрике бил пренесен во блиската клиника, каде била констатирана неговата смрт.
Неговата издавачка куќа „Тодах мјузик“ за „Радио 93“ изјавила дека пејачот доживеал срцев удар, пренесува „Дејлимејл“.