„Пејџерите“ користени од Хезболах што експлодираа беа модифицирани од Израел „на ниво на фабрички“

Израелската шпионска агенција Мосад поставила мала количина експлозив во илјадници „пејџери“ нарачани од Хезболах неколку месеци пред да се активираат уредите, изјавил за новинската агенција Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.

Високиот извор рече дека милитантната група нарачала 5.000 пејџери, за кои неколку други извори велат дека биле донесени во Либан пролетта.

Истиот извор тврди дека уредите биле модифицирани од израелската шпионска служба „на ниво на фабрички“, пренесува Телеграф.

Втор безбедносен извор за Ројтерс изјавил дека до 3 грама експлозив биле скриени во новите „пејџери“ кои останале „неоткриени“ од Хезболах со месеци.

Деталите од извештајот на Ројтерс се слични на оние на Њујорк Тајмс, кои се повикуваат на американски и други официјални лица.

Сликите од уништената опрема анализирани од Ројтерс покажаа формат и налепници кои се во согласност со моделот на пејџери AR-924 брендирани од Gold Apollo – компанија со седиште во Тајван.

Основачот на фирмата, Хсу Чинг-Куанг, рече дека уредите всушност биле произведени под лиценца во Европа од фирма наречена BAC, користејќи го името Gold Apollo.