Шакира и Жерар Пике вчера ги прославија своите родендени бидејќи го делат истиот датум на раѓање, но додека пејачката се забавуваше со пријателите, фудбалерот уживаше во друштво на својата нова девојка Клара Чија Марти.
Папараците ги уловија Пике и Клара додека се возеле со автомобил, а како што можев да се види не ја симнаа насмевката од нивните лица.
Пике неодамна на Инстаграм ја објави нивната прва заедничка фотографија, која предизвика голем број негативни коментари. Многумина му кажаа како им ги уништува животите на своите деца и дека треба да се срами од себе.
За потсетување, се шпекулира дека Шакира ја открила аферата на Жерар Пике поради празна тегла со џем од јагоди. На интернет кружат гласини дека поп-ѕвездата дознала за изневерувањето на нејзиниот поранешен партнер откако ShowNews Today објави дека Пике, како и нивните деца, не сака мармалад.
Нејзината песна во која зборува за изневерувањето на бившиот сопруг за само два дена на Јутјуб собра над 86 милиони прегледи и го собори рекордот како најпуштана латиноамериканска песна на Јутјуб. Пике се исмеваше со нејзиниот нов хит.