Летните оброци кои се подготвуваат надвор , дури и на отворен оган, додаваат доза на магија и ја прават летната храна многу позабавна и полесна за подготовка. Пилешки гради на скара и кремаст сос се идеален рецепт за здрава, вкусна и едноставна вечера.
Пилешките раженчиња со лимон и сос цацики се полни со вкус, ќе вкусите лимон и оригано и лук, но ниту една арома не е пренагласена и агресивна, туку се е прекрасно избалансирано. Маринадата од сок од лимон, лук и зачини навистина прави магија на пилешкото.
Многу лесно се прават грчки раженчиња и сос од цацики. Ќе потрошите само дваесет минути за подготовка и заедничко печење , но сметајте на тоа дека месото мора да се маринира најмалку еден час . Овој чекор не го прескокнувајте, тој е клучен за богат и сочен вкус на месото. Исто така, не чувајте го пилешкото во маринадата повеќе од неколку часа бидејќи киселината ќе почне да влијае на нејзината текстура.
Сосот цацики е густ, кремаст сос на база на јогурт зачинет со сок од лимон, лук и копар. Ако додадете и свежа краставица, таа ќе има уште посвеж вкус и совршено ќе го надополни вкусот на пилешко на скара.
Состојки за грчки пилешки раженчиња со лимон и сос цацики:
Раженчиња со лимон
- 3 супени лажици свеж сок од лимон
- 1 лажица црвен вински оцет
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло
- 2 чешниња лук, изрендани или мелени
- 2 лажички суво оригано
- ½ лажичка сушен магдонос
- 1/2 лажичка мелен ким
- 1/2 лажичка мелено семе од коријандер
- сол
- црн пипер, свежо мелен
- 650-700 гр пилешки гради без коски и кожа, исечени на коцки со големина на залак
Цацики сос
- 1 голема краставица, исечкана на коцки
- 425 мл грчки јогурт
- сок од половина лимон
- 1 лажица сецкан свеж копар
- 1/2 – 1 лажичка ситно сечкан лук
- сол и свежо мелен црн пипер по вкус
Подготовка на грчки пилешки раженчиња со лимон и сос цацики:
Раженчиња со лимон
- Во сад измешајте ги сите состојки освен пилешкото. Парчињата пилешко ставете ги во кеса која може херметички да се затвори, прелијте ги со маринадата, истиснете го воздухот, затворете ја кесата и оставете го пилешкото да се маринира еден час.
- Подгответе го огнот во скарата.
- Навојте ги парчињата пилешко на метални или дрвени ражничи. Ако користите дрвени раженчиња, натопете ги половина час за да не изгорат.
- Намачкајте ја решетката за скара (или тавата за скара) и испечете ги ражничите. Гответе 3-4 минути од едната страна, а потоа свртете и варете уште 3-4 минути од другата страна.
Цацики сос
- Со раце или со хартиена крпа исцедете го вишокот течност од краставицата.
- Ставете ја краставицата во сад со преостанатите состојки за цацики. Добро измешајте.
- Чувајте го во фрижидер до сервирање.