Летечкиот тренинг се одржува на спортскиот аеродром во Скопје.
Двата авиони заминаа повеќе да се запознаат со аеродромскиот простор бидејќи утре ќе се одржат трките.
Јован Трајков, претседателот на комисијата за летање објаснува што е важно за пилотот и како се одржуваат трките.
„Прецизноста е најголема карактеристика на пилотите кога се работи за трка, секој пилот мора да слета на одредената точка и да застане што е можно поскоро. Секое слетување пред или после таа точка, некаде 50 сантиметри, ако слета позади се смета за казнен поен, кој ќе биде попрецизен и побрзо ќе застане е победник“, рече Јован Трајков.
Тој вели дека ова е скап спорт и не е поддржан од државата Поради тоа, додаде, нема млади луѓе кои се заинтересирани, бидејќи посочи дека најмладиот пилот има 30 години.
„Основната обука за воздушен лет е „41 старт“ со ова летало што беше повлечено, сега ќе го видите, ќе го снимате… се смета дека ученикот ја завршил основната обука и знае да лета. Тоа е приближно 800-900 евра, ако имаме субвенции од државата ќе ги покриеме само трошоците, немаме проблем да ги намалиме цените, дури мислиме на некој начин, самофинансирање“, рече Трајков.
Инаку, овие трки ги организира „Аероклуб Скопје“, кои слободните или празничните денови, како што најави Трајков, ги користат за одржување на трки. Тој информира дека натпревари имале во Штип, сега во Скопје, па во Прилеп, Манастир и на крај во Куманово.