Пилотот, кој не бил на должност, е обвинет за обид за убиство на 83 лица, откако во неделата вечерта наводно се обидел да собори патнички авион .
Авионот со 80 патници летал од Еверет, Вашингтон до Сан Франциско. Авионот бил пренасочен во Портланд, Орегон каде осомничениот бил совладан без инциденти.
Од полицијата велат дека осомничениот се вика Џозеф Дејвид Емерсон (44).
Осомничениот седел во пилотската кабина на авионот на Алјаска ерлајнс зад капетанот и копилотот. Членовите на екипажот го пријавиле инцидентот во контролата на летот. На комуникациската лента на контролата на летање се слуша еден од пилотите.
– Имаме момче кое се обиде да ги изгаси моторите во пилотската кабина, и не звучи како да прави проблеми во задниот дел во моментов. Мислам дека е совладан – се слуша пилотот кој потоа бара присуство на полиција на пистата најавувајќи го слетувањето.
Авионот требаше да слета во Сан Франциско во 19 часот и 30 минути, но летот беше пренасочен кон Портланд во 19 часот и 18 минути.
Авиокомпанијата изјави дека сите патници подоцна го продолжиле своето патување.