Пилот откри што се случува ако заборавите да вклучите посебен режим на телефонот во авион (авионски режим). Веројатно ништо, но сепак може да биде опасно.
Авионскиот режим во суштина го спречува вашиот мобилен телефон да се поврзе на мрежата, што значи дека не можете да остварувате или примате телефонски повици или пораки.
Но, што би се случило ако заборавите да го вклучите?
Еден пилот го откри ова на неговиот TikTok.
– Ако заборавите да го ставите телефонот во авионски режим, не е крај на светот, авионот нема да падне од небо и нема ни да ги наруши системите во авионот – рекол пилотот.
Но, може да се меша со слушалките на пилотот, што е потенцијална опасност.
Кога патувате со авион , не заборавајте да го вклучите авионскиот режим на вашиот мобилен телефон пред полетувањето. Ако се случи да заборавите, кабинскиот екипаж веројатно ќе ве потсети. Авионскиот режим во основа го спречува вашиот уред да се поврзе на мрежата, што значи дека не можете да остварувате или примате телефонски повици или пораки или да користите интернет.
Ова е важна безбедносна карактеристика бидејќи ги спречува радио брановите што ги емитуваат уредите да влијаат на навигациската и радарската опрема на авионот.
Иако нема да има поголеми последици доколку не го направите тоа, дефинитивно треба да го вклучите авионскиот режим, пренесува LadBible.