Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина за време на меѓународен лет над САД. Екипажот притоа ја прекинал линијата и авионот слетал во Њујорк, соопшти денеска турската авиокомпанија.
Авион „Ербас 350“ полетал синоќа од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, Турција. Капетанот се онесвестил за време на летот. Обидот за прва помош бил неуспешен, се наведува во соопштението.
Инаку, 59-годишниот пилот успешно го минал редовниот лекарски преглед на почетокот на март.