Пиоли: Милан заслужи пласман во четвртфиналето

– Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од изданието на неговите фудбалери на синоќешниот натпревар со Тотенхем (0:0) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Знаевме дека ќе биде тешко, но го направивме тоа што го зацртавме. Ги замолив момците да покажат карактер. Никогаш не се откажавме и заслуживме да поминеме понатаму. Сега треба да одиме напред чекор по чекор. Ќе видиме како ќе помине ждрепката, изјави Пиоли.

Во првиот натпревар италијанскиот тим на домашен терен победи со резултат 1:0, па се пласираше во 1/4 финалето.

Милан за прв пат по сезоната 2011/12 влезе помеѓу осумте најдобри во ЛШ. Мината сезона не успеа да ја помине групата. Во сезоните 2013/14, 2012/13, 2010/11 и 2009/10, кога тимот играше во Лигата на шампионите, не напредуваше подалеку од првото коло од плејофот.