ПИЈАН „ДЕДО МРАЗ“ НОСЕЛ ПОДАРОЦИ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОТОА ПРЕДИЗВИКАЛ ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, со полна брзина удрил во куќата

– Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење.

Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола