Рускиот тенисер Андреј Рубљев се опушти во дискотека во Баштад, и стана главна тема на социјалните мрежи.
Имено, се појави видео од славниот Русин како во пијана состојба прави згибови во клуб, а во еден момент дури и се качуваше и на гипс картон.
Инаку, причина за ваквото однесување беше прославата на титулата што ја освои тој ден. Рубљев е новиот шампион на турнирот во шведски Баштад, бидејќи во финалето беше подобар од Каспер Руд кого го совлада со 7:6, 6:0.
Ова е 14-та титула за Русинот во професионалната кариера.