Пијан татко го прегази сопственото дете! Трагедија во Романија: Момчето го реанимираа 40 минути, но немаше начин да се спаси

Страшна несреќа се случи во Ботошани, Романија, кога татко го убил својот едноиполгодишен син во дворот на семејната куќа.

Според романските медиуми, таткото влегол во автомобилот и го стартувал автомобилот но не забележал дека зад возилото стои неговиот син.

Мажот продолжил да вози и го прегазил детето. Малото момче се здобило со сериозни повреди и починало во болница.

Инцидентот се случил околу 17 часот, а мајката без размислување го извадила детето од земја и отишла во најблиската здравствена установа во Савени.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала екипа на Брза помош со лекар. Момчето било реанимирано 40 минути, но повредите биле фатални.

„Тука се случи, го прегази со автомобил. Не го направил тоа намерно, не сакал да си го убие детето. Има и ќерка од 7-8 години. Мајката го однела детето во најблиската болница таткото дал исказ во полиција“, рече сведокот за медиумите.

Соседите се во шок откако дознале за трагичниот настан и имаат само пофални зборови за човекот.

,,Го знаеме како добар човек, ме однесе на лекар кога требаше. Го познавав и момчето, често играше надвор. Дали навистина е мртов?”

Полицијата веднаш отворила истрага, а по алкотестот било утврдено дека таткото бил опиен со 1,37 промили алкохол во крвта.

Таткото е осомничен за убиство од небрежност и по завршување на истрагата ќе бидат преземени соодветни законски мерки.