Пи Диди тврди дека во затворот го хранат со храна „заразена со црви“ и „со поминат рок“

Музичкиот могул и рапер Шон Комбс Диди изнесе шокантни тврдења за условите во затворите.

Во последната жалба за кауција, поднесена од неговиот адвокат Марк Агнифило, се тврди дека Метрополитен притворниот центар во Бруклин е „нехуман“ објект.

Имено, Пи Диди тврди дека во затворот му се дава храна која е заразена со црви и ѝ е истечен рокот.

Агнифило бара од судијата Арун Субраманијан да го ослободи 55-годишниот рапер со кауција пред изрекувањето на пресудата, која е закажана за 3 октомври.

„MDC рутински служи храна со истечен рок или полна со ларви. Храната полна со ларви фатена на таа фотографија, за жал, не е невообичаено искуство“, изјави адвокатот.

Тој сметаше дека ова, како и наводно честите карантини, се „вонредни околности“ што вреди да се земат предвид.

Патем, Пи Диди е во затвор во Њујорк, чии други познати затвореници беа Р. Кели и Гислен Максвел, од неговото апсење во септември 2024 година. Во тоа време, тој беше обвинет за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, рекетирање и проституција.

Осум недели откако започна неговото судење во овој случај во мај, тој беше прогласен за виновен по две точки од обвинението – за транспорт на луѓе со цел проституција, и беше ослободен од посериозни обвиненија.